|
Одбери јазик:
EN
|
MK
Дома
Зошто да изнајмите?
ЧПП
Пакети
Често поставувани прашања
Што се подразбира под зборот РЕНТАВЕБ (RENT-A-WEB)?
РЕНТАВЕБ е нова услуга на македонскиот пазар и преку која компаниите можат да изнајмат веб страна наместо истата да ја купат еднократно.
Дали мојот домаин може да го изнајми некој друг?
Да нема недоразбирање: вие го поседувате домаинот
www.yourcompany.com.mk
или некој друг и вашата веб страна или домаин никогаш нема да бидат изнајмени на друга фирма или лице – дури ако престанете да соработувате со нас. Вие едноставно ни плаќате месечен надомест за дизајнот, изработката и хостирањето на вашата веб страна.
Дали може да ја купам страната?
Секако дека може. Истотака можно е и иницијално да започнете со изнајмување а потоа да ја откупите комплетно вебстраната.
Како се врши плаќањето?
Плаќањето се врши на почетокот на следниот месец за деновите од претходниот, а по доставување на наша фактура. Цената се однесува на ден а наплатата е на месечно ниво.
Дали да купам или да изнајмам веб страна?
На ова прашање може да си одговорите само вие лично, а ние сме тука да ви помогнеме во секој случај. Но одговорот се сведува на дали да се потрошат ЕУР’000′ за да се купи веб страна или да се изнајми за само 1 Евро на ден?